ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација за Венко Филипче
По вицепремиерите Никола Димитров, Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ , сега и министерот за здравство ќе треба да се соочи со пратениците и да одговори на опозициските обвинувања за катастрофално справување со Ковид- кризата.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за интерпелација во Собранието на министерот за здравство, Венко Филипче обвинувајќи го дека поважни му се провизиите за вакцини отколку животот на граѓаните.