ВМРО-ДПМНЕ: На ДУИ не и бега опозиција за неколку месеци
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека на ДУИ не и бега опозиција за неколку месеци, бидејќи се претворила во криминален картел.
-Јавноста сака да знае како Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, кој има 24 години, го купи бизнис центарот Соравиа за 30 милиони евра. Од каде му се на внучето Дри 30 милиони евра и дали институциите го проверија потеклото на парите. Очигледно ниедна институција не смее ни да помисли нешто да проверува за овој случај, бидејќи истите се партизирани и се во служба само на богатење на функционерите од власта.
На ДУИ не и бега опозиција за неколку месеци, бидејќи се претвори во криминален картел, каде градоначалникот на Струга Мерко, веќе е ставен на црна листа на САД поради криминални активности, братот на Груби купува дуќани, во центарот на Скопје по багателна цена, а сега дојдоа на ред и нивните внуци, како младиот “претприемач” Дрин Ахмети, порачуваат од опозицијата.
На истата тема корупција возврати СДСМ, потсетувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ за ницниот „криминален картел“ додека беа на власт.
-Со денови ДПМНЕ ги прозива судските институции но никако да праша во која фиока и до каде се случаите за Белата палата, Делчевски ниви и Моќник. ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, нелегална Бела палата којашто е конфискувана, и со почесен претседател на црната листа на САД.ДПМНЕ е партија со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на оваа партија, меѓу кои и за злосторничко здружение.Прозивките на ДПМНЕ може да бидат искрени само доколку јавно постават прашање до надлежните институции во која фиока се случаите за Белата палата, Делчевски ниви, Моќник и други кои се директно поврзани, реагираа од СДСМ.