ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата на Левица за разрешување на јавниот обвинител

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за јавниот обвинител Љупчо Коцевски, иако иницијативата доаѓа од партијата Левица и во неа стои дека ги поштедил кадрите на оваа партија од истрагата за Кочани.
-На државата и трена независен, функционален и храбар обвинител кој нема да молчи пред очигледен криминал, нема да трепери пред политички притисок и нема да се претвори во соучесник на тие што ја поткопаа државата, рече Мицевски во образложението на ставот. Според него поддршката што ја добил Коцевски не ја оправдал и место реформа покажал сервилност кон власта што била поразена од народот.
СДСМ веќе објавија дека нема да гласаат за неа, а Коцевски со јавно писмо пред една недела им порача дека е интерпелацијата е неуставна и е упад во правосудниот систем.