ВМРО-ДПМНЕ: Иницијативата за смена на Мицкоски е „безнадежна и безначајна“

ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли како „безнадежна и безначајна“ иницијативата за смена на лидерот Христијан Мицкоски, што ја најави денес Оливер Андонов, поранешен министер за внатрешни работи од истата партија. Според нив таа не заслужува посебен коментар и преставува “дефокус на власта“ од енергетската и економската криза, иако дозжа од редовите на нивната партија.
-ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија и партија која ја декласира СДСМ на последните избори. ВМРО-ДПМНЕ води на сите анкети и ја има убедливата поддршка од граѓаните кои бараат промени во власта. Секако тоа го стимулира амбициите на луѓе и поединци кои се насочени исклучиво кон добивање на функции и позиции, а кои откако нема да ги добијат стануваат жестоки критичари и на тој начин сакаат да влезат во фокусот.
Нормално бидејќи на власта и е потребно дефокус од скандалите, од дезертерствата, инфлацијата и енергетската криза совршено во тој план се вклопуваат таквите поединци и разно разни нејзини инсталации и уценети поединци на кои ќе им дадат гласност. Како резултат на сѐ поочигледната кадровска и програмска индиферентност на СДСМ, не би нѐ изненадило и други ликови од темниот полусвет на македонската политика да ги злоупотреби за да создава некаков привид за наводно неединство во ВМРО-ДПМНЕ.Затоа сметаме дека иницијативата на Андонов е толку безнадежна и безначајна што не вреди посебен коментар. Му посакуваме среќа и немаме што друго да додадеме.
Прашањето на национален консензус е следниот драматичен пораз на политиките на Заев и Ковачевски, по што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста да ја врати Македонија на патот на пристојноста, чесноста и подобриот живот за сите, порачуваат од оваа партија.

Андонов денеска пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ ја објави „фракцијата за демократско ревитализирање“ која паралелно ќе делува во најголемата опозициска партија.
На новинарското прашање зошто токму сега се формира фракција, тој одговори дека лидерот Христијан Мицкоски не одбранил ниту еден национален интерес во изминатиот период.
„Партијата која на почетокот беше симбол на македонската демократија стана симбол на политичка декаденција. Покрај оставката на Мицкоски и целта за организација на нови избори за нов претседател, бидејќи сметам дека Мицкоски е потполно потрошен, ќе следува и повик до членството во комитетите кои се речиси целосно мртви, да се обединиме“, рече Андонов.
Тој додаде дека на Мицкоски голема грешка му била што дал поддршка за независен кандидат за градоначалник на Град Скопје при толку масовно членство во ВМРО-ДПМНЕ.
– Ќе упатам една порака до сите таканаречени ботови – никој во оваа фракција не не работи ниту за СДСМ, ниту е платен за некого да работи, наведе Андонов.
Фото: Борис Грданоски