ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа,Таравари си отиде на самит во Дубаи
И Алијансата за Албанците тврди дека го фатила лидерот Христијан Мицкоски со рачињата во медот и дека покренале истрага во ДКСК.

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари си отишол на самит во Дубаи додека во Собранието фрчат навреди од страна на ВМРО-ДПМНЕ за неговата одлука да влезѐво Владата.
-Ми претставува задоволство да учествувам на Светскиот владин самит во Дубаи, сега веќе традиционален глобален дигитален состанок, чија цел е унапредување на стабилноста и просперитетот во светот.Заедно со политички лидери и бизнис секторот, мислители и експерти од целиот свет, ќе разговараме за тоа како меѓународната заедница може да се справи со сегашните и идните глобални предизвици кои влијаат врз развојот на човештвото.
Му благодарам на Омар Султан Алома, државен министер за вештачка интелигенција на Обединетите Арапски Емирати, што не покани на овој важен светски настан, кој ги потврдува пријателските односи меѓу нашите земји, соопшти Таравари.
Додека тој е во Дубаи, премиерот Димитар Ковачевски беше на кроење лозје, така што расправата за разрешувањето на министрите и за реконструкцијата одекнува во прилично празна сала.
Сепак, од Алијансата денес возвратија на навредите од опозициската партија со соопштение, тврдејќи дека и Алијансата го фатила лидерот Христијан Мицкоски со рачињата во медот и дека тоа е единствената причина за за нападите врз нив.
-Неодамнешните клевети и измислици на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски немаат друг мотив, освен одмазда откако Алијанса за Албанците го обелодени коруптивниот скандал на јавен тендер вреден 12 милиони евра што води до Мицкоски.
Станува збор за злоупотребена набавка на биометриски систем за идентификација на гласачите што никогаш не профункционирал и кој Кренар Лога, членот на ДИК предложен за министер за правда, го откри и го пријави до Антикорупциската комисија и органите на правдата. Државната комисија за спречување на корупција и Државната ревизија веќе отворија предмет за овој коруптивен случај на партијата на Мицкоски, а информирани се и амбасадите во земјава.
ВМРО-ДПМНЕ има долго криминогено и коруптивно минато под водство на Груевски, од кое Мицкоски како негов штитеник на чело на ВМРО никогаш не се оградил, ниту во однос на шовинистичкиот наратив, ниту во однос на коруптивните методи’, стои во реакцијата на Алијансата.