ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа оставките на ДУИ, молчи за измените на Уставот


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа оставките на министрите на ДУИ, но не спомнува уставни измени, туку само избори, барајќи практично тие да станат неотповикливи – без да ги исполни условите што се бараат од неа.  

Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност.

Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.