ВМРО-ДПМНЕ ги повтори познатите ставови на средбата со европската министерска тројка
Тројцата министри за надворешни работи, на Австрија, на Чешка и и на Словачка, денес на врвното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група им ги претстави европските ставови околу уставните измени и преговарачката рамка на средба во Собранието, што претходно јавно ги соопшти.
Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, партиските претставници им соопштителе на Александар шалемберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, дека уставни измени под диктат нема да бидат поддржани.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ им рекле на тројцата министри дека „пречка на патот на Македонија кон ЕУ, повеќе и од Бугарија, е корупцијата во највисоките ешалони на власта, невладеењето на правото и злоупотребата на институциите“, потоа дека се злоупотребувало европското знаменце во Собранието.
„Во врска со намерата на власта, без вклучување на опозицијата во ниеден дел од преговорите, да протурка низ Собранието уставни промени под ултиматум од бугарска страна, претставниците едногласно го повторија заедничкиот став дека уставни измени под диктат нема да бидат поддржани и дека државата итно треба да се фокусира на завршување на вистински реформи на системот кои ќе значат вистинска европеизација. Ставот на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ‘За обнова на Македонија’ останува дека европеизацијата на Македонија не смее да значи откажување од основните идентитетски одредници на македонскиот народ, вклучување на билатерални историски прашања во преговори со ЕУ и поигрување со националните чувства на македонскиот народ“, соопшти партијата.