ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше енергетските проекти на СДСМ, а сега ги критикува што не инвестирале
Откако со години ги блокираше енергетските проекти на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт ги критикува што не инвестирале во домашно производство на струја.
-СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја. Да инвестираше СДС во нови производствени капацитети изминативе седум години или да се потрудеше да ги одржува подобро постојните, увозот на струја не би бил толкав.
Наместо развој на енергетскиот сектор, АД ЕСМ е затекнато со доспеани и неплатени долгови од 82 милиони евра, нула инвестиции во нови производни капацитети, прекумерно и неплански трошен хидропотенцијал. Потоа, затекната е катастрофална состојба во рудниците во РЕК Битола, без откривка на јаглен, несоодветно направени ремонти или воопшто неизвршени техничко технолошки зафати во пресрет на грејната сезона, увоз на скап и неквалитетен јаглен што предизвика оштетување на термо постројките, сомнежи за злоупотреби при јавните набавки. Ова се само дел од состојбите кои ги создаде СДС со неговото менаџирање во енергетиката. Само декларираните „шампиони во енергетиката“ го доведоа енергетскиот систем пред колапс, регираа денес од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, лани од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) објавија дека „елдорадото на фотоволтаици во Македонија ги минимизирало сметките за струја на компаниите, а го „стопи“ и увозот на струја.
„Традиционално набавуваме околу 30% струја за сите потрошувачи : индустријата, малото стопанство. Денес енергетската зависност е намалена, увезуваме само околу 11%, а и домашното производство е зголемено во последните месеци“, изјавија тогаш од РКЕ. Се инвестираше во фотоволтаици и енергија на ветер, а големите проекти, како на пример Чебрен, беа напаѓани од ВМРО-ДПМНЕ , додека реструктуирањето на РЕК Битола, за која сега кукаат, е запрено, односно рокот се пролонгира драматично, како да сакаат да увезуваат а не да произведуваат струја.