ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е виновен за падот на Македонија на медиумската скала

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ веднаш ги најде главните виновници за падот на Mакедонија на Индексот на медиuмските слободи на „Репортери без граници“. Тоа се СДСМ и Венко Филипче.
„Падот на Индексот на ‘Репортери без граници’, се должи на главната фабрика за ширење на лажни вести и дезинформации, а тоа се СДС и Венко Филипче.
Пример за лажна вест е последното соопштение и прес-конференцијата на СДС, каде што велат дека министри трошеле илјадници евра за ручеци. Демант има и од Владата и од институциите, бидејќи тоа било исплата кон ресторански оператори за храна плаќана од вработените“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, СДСМ е партија која се одржува на лажни вести. „Во отсуство на политики и предлози за подобрување на општеството, тие се користат со лажни вести и дезинформации. СДС е синоним за неспособност, предавство и криминал“, рече Манасиевски.