ВМРО-ДПМНЕ до европската тројка: Ние сме за ЕУ, но не за уставни измени

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ заедно со претставници на неговата коалиција денеска им порачало на тројцата министри од ЕУ (на Франција, Германиј и Полска) дека тие се за членство на македонија во ЕУ, но дека се против уставните измени, кои, според нив, биле направени по бугарски диктат.
Во соопштението на партијата по средбата со Лоранс Бун, Ана Лирман и Шимон Шинковски вел Сенк се вели:
„На средбата беше дискутирана актуелната општествено-политичка состојба во Македонија, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња.
Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше истакнат недвојбениот став дека се залагаме за членство на Македонија во Европската унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности.
Претставниците подвлекоа дека остануваат на ставот дека уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи. Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет.
Опозицијата воопшто не беше вклучена во преговорите кои резултираа со ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи. Оттука, за да се заштити процесот на пристапување од билатерализација, односите мора да се базираат на Копенхагеншките критериуми со взаемна почит, поддршка и соработка.
Гостите беа информирани и за високото ниво на корупција во државата, за криминалот но високите ешалони во владата на СДС и ДУИ, како и за катострофалните политики во секој сектор во државата“.