ВЛЕН удри по министерката Јаневска – била фрустрирана


Министерката за образование Весна Јаневска (Фото: Б. Богдановска)

 

Пристапот на министерката за образование, весна Јаневска кон албанскиот јазик бил несоодветен, тврди владиниот коалициски партнер ВЛЕН.

Според коалицијата, министерката вчера, за време на јавен настап, во два или три наврати изразила незадоволство кога градоначалникот на Тетово, Билал Касами, комуницирал на албански јазик со новинарите од медиумите на албански јазик.

„Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции“, се вели во реакцијата.

Од коалицијата посочуваат дека министерката не требало да биде фрустрирана затоа што не го разбира јазикот.

„Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик“, велат од ВЛЕН.

„Да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаеш ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираш на употребата на албанскиот јазик, е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество“, стои во соопштението.

Инаку, Весна Јаневска се споменува меѓу личностите што може да биде реконструирана во владата по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на декември.