ВЛЕН: Таравари да каже зошто посредувал кај Мицкоски ДУИ да се врати во владата?

По демаскирањето што му беше направено вчера од собраниската говорница, Арбен Таравари им должи на гласачите искрен одговор: што го натера да ја преземе улогата на посредник на Али Ахмети и на Артан Груби кај Христијан Мицкоски? – се наведува во соопштението од ВЛЕН.
„Зошто Таравари побара од Мицкоски да го земе ДУИ во Владата? Зошто овој човек дејствуваше скришно за да го врати „политичкиот труп“, како што го нарекуваше тој? Тој им ги должи овие одговори на граѓаните кои пред неколку месеци побараа гласови за промената на злото наречена ДУИ“, прашува ВЛЕН во реакцијата.
Според нив нема сомнение дека планот на Артан Груби и Арбен Таравари бил соборување на ВЛЕН како претставник на волјата на Албанците и враќање на ДУИ на власт низ „прозорец“, откако народот ја исфрли низ вратата.
„Целата јавност виде како Таравари, во телевизиските емисии, ги навредуваше ВЛЕН и нејзините гласачи, додека го фалеше премиерот само за да остане во Владата. На идентичен начин, ДУИ во кампањата спомена „кексови и гурабии“ и „чизми на таванот“, додека во собата 161 во Собранието молеше по секоја цена да остане во владата, дури и без претседател на Собранието на Република Северна Македонија, само ВЛЕН да не ги претставува Албанците.
Прашањето што се поставува е следново: Што го натера Таравари да изврши ова политичко самоубиство?Дали беше прашањето за „Ѓока Констракшн“ или некоја уцена од неговиот близок пријател, Фатмир Меџити, оној кој, покрај директорската плата, го вработил за илјада евра месечно?
Денес е јасно дека планот на Артан е уништен и маските паднаа. Таравари заврши во скутот на Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Бујар Османи и целата политичка каста што владееше со оваа земја 20 години, но не реши ниту еден од проблемите на Албанците“, порачуваат од ВЛЕН.
„Најјасниот и најискрениот одговор до политичката група наречена ВЛЕН беше даден во четврток од говорницата на Собранието на Северна Македонија, каде што самиот актуелен премиер Христијан Мицкоски јавно објасни дека нивниот политички лидер, Арбен Фетаи, клеветел во изјавите дадени во телевизиска емисија. Ова не беше само уште едно разоткривање, туку институционална потврда за она што Алијансата за Албанците го предупредува со месеци – дека ВЛЕН е проект заробен и контролиран од центарот на моќта“, возвраѕи Таравари на ваквите обвинувања.
Според него, во политичката историја на оваа земја не се памети некој да преминал во опозиција поради „притисок“ – освен во случаи кога нивното заробување со афери и досиеја го принудува да ја почитува владата.
!Денес, единствените што молчат и не реагираат на прекршувањата на Мицкоски се експонентите на ВЛЕН, кои избраа да застанат на страната на антиалбанска влада во замена за нивната лична слобода.Ова срамно молчење и ова политичко понижување не е ниту стратегија ниту компромис – тоа е политичко самоубиство, повреда на националниот интерес и предавство на албанскиот гласач.Додека лидерите на ВЛЕН се зафатени со клевети, смислување стапици и соочување со притисоците што доаѓаат од послушниците на Мицкоски, не може да има ниту политичка платформа, ниту институционална соработка, ниту национален идеал. Каде што владеат шпионажа, уцена и измама, нема место за заедничка иднина – има само политичко пазарење и понижување.
Албанскиот електорат повеќе не е залажан од фасадата на „заветот“ што ВЛЕН се обидува да го продаде. Вистината е дека лидерите на оваа група станаа марионети на влада која повеќе не ги крие своите антиалбански ставови.Ако некој треба да одговори денес, тоа се токму тие – без разлика дали се соработници на политиките на Мицкоски, или само негови жртви.
Дали и тие се „кукавиците“ што ги споменува нивниот политички шеф Мицкоски? Или се уште полошо – тивки агенти за создавање тензии меѓу Албанците и другите етникуми во државата?“-порачува Таравари.