Меџити на комеморација за жртвите на „Скендербег“

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, присуствуваше на комеморацијата организирана на плоштадот Скендербег, каде што беше положено цвеќе во чест на жртвите од тешката трагедија во Кочани.
„Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани. Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме. Нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите и повредените. Тие не се сами во оваа болка! Ние сме заедно!“, напиша Меџити.
За време на комеморацијата, меѓу жртвите беше оддаден почит и на фудбалерот на ФК Шкупи, Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот во оваа несреќа. Во негова чест беше поставен дрес од неговиот клуб, како симбол на болка и почит кон млад талент кој прерано замина.