ВЛЕН: Нема член на семејството на Ахмети кој не стана бизнисмен


ВЛЕН  ја нападна Демократската унија за интеграција тврдејќи нема никакви резултати  пет месеци по Декларацијата за внатрепартиски ветинг, бидејќи таа служела само за политички маркетинг. Според владејачката коалиција, ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство тогаш би требало да оди во политичка пензија.

Причините за таа пензија се презентирани во форма на список, за четири функционери на ДУИ:

-Бујар Османи имаше предмет на СЈО против него, за криминал, за набавки, за кражба од здравството. Предметот мистериозно исчезна!? СЈО тврдеше дека министерот Бујар Османи имал криминални набавки додека бил бил одговорен за здравството. Бујар Османи имаше коруптивни скандали со јавни набавки од фирми блиски до него за време на целиот негов мандат во МНР? Но уште поважно, Бујар Османи стана главен фактор за соработка и зближување помеѓу Северна Македонија и Србија со оддржани многу јавни и многу тајни средби и со поддржани многу билатерални и мултилатерални иницијативи за интегрирање на двете држави.

-Семејството на Али Ахмети е „стебло“ на фирми што вртат милиони преку државни тендери! Се градат централи, се купуваат трговски центри, инвестици, се тргува со бензин и мазут? Скоро и да нема член на семејството на Ахмети кој не стане бизнисмен и кој не се поврза со сомнителни фирми од Македонија и Косово.

-Блерим Беџети – „вечниот функционер“ кој му доделуваше пари на најблиските преку скопските комунални претпријатија. Блерим Беџети важи за најблизок извршител на договорите на Сашо Мијалков и Артан Груби во судството!

-Муса Џафери како „сива еминенција“ со непријавен имот во Горно Нерези, кого ДУИ цинично го промовира во својот „ветинг“. Функционер од скоро 30 години кој ќе оди низ државата и ќе зборува дека треба ново време и нови луѓе. Човек кому бизнисот за препродажба на струја му е позначаен од било кој Албанец и неговите потреби.

Затоа од ВЛЕН бараат независна, јавна ревизија на имотот и тендерите на сите функционери на ДУИ, целосна одговорност за секој коруптивен случај, почнувајќи од именуваните лица и вклучување на меѓународни антикорупциски експерти за надзор на процесот.

-Бараме прочистување на политичката сцена на Албанците од луѓе со сомнително минато и стратешки грешни политики. Ако ДУИ тоа сама не го направи, на овие избори ќе го направат гласачите, порачуваат од ВЛЕН заборавајќи дека се на власт и можат сами да го спроведат тоа што го бараат.