ВЛЕН демантира дека ќе се намали бројот на советниците во Сарај
ВЛЕН ги демантира тврдењата на ДУИ дека бројот на советници во општина Сарај ќе се намали на следните избори.
„ДУИ 22 години владеше замајувајќи ја јавноста со лаги и дезинформации, а истото го прават и од улога на опозиција. Последен е обидот да се збунат граѓаните на Сарај со тврдењето дека бројот на албански советници во Општина Сарај ќе се намали врз основа на пописот од 2021 година – закон за кој тие самите гласаа. ВЛЕН го демантира в.д. градоначалникот на Сарај, Илас Весели, и неговиот диригент Блерим „Ќосето“ Беџети за објавената лага дека ќе се намали бројот на советници во Општина Сарај, според кои општината во моментов има 23 советници, а со следните измени ќе има 19 советници. Ова е невистина и целосна лага.
Тоа го демантираме преку следните факти: Општина Сарај имаше 19 советници и со последната одлука на Владата повторно ќе има 19 советници. Имињата на актуелните советници во Општина Сарај се објавени на официјалната страница на општината, можете да ги видите и проверите. Има 19 советници со име и презиме, и затоа не знаеме каде се денес тие четворица колеги советници на Весели, кои според него се 23. Затоа, ВЛЕН бара Блерим Ќосето Беџети, заедно со неговиот наследник, да сведочат и да ги откријат имињата на 23-те наводни советници. Појаснуваме дека нивните лични советници не можат да бидат вклучени во списокот на општински советници.
Потсетуваме, пописот на населението се спроведе во време кога ДУИ беше на власт, па затоа немаат право да се жалат на евентуалните последици од пописот, бидејќи кога требаше да се зборува, тие избраа да молчат. Ова незнаење досега е невидено, всушност, го открива незнаењето на оние кои се плашат од вистината за сопствената безвредност.
Ја потсетуваме јавноста дека другата лага што се разоткри е тврдењето на ДУИ дека Коридорот 8 нема да се гради. И овој коридор ќе биде направен, а е приоритет над приоритетите на коалицијата ВЛЕН и нашата Влада.
Апелираме до ДУИ да најде покреативни форми за водење политика, а не со лаги и клевети, порачаа од ВЛЕН.