ВЛЕН: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, нула во Косово


За само 4 години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина. Се сретна повеќе пати со српските власти отколку со косовските, велат од ВЛЕН, порачувајќи му на екс министерот дека „Чаир не е аеродромска чекална за ничија кариера“.

„Во Скопје го пречека и рускиот министер Сергеј Лавров, а беше и редовна ‘кореографија’ на прошетките и вечерите со Александар Вучиќ. На Албанците им понуди само селфи-дипломатија, заглавени европски интеграции и маркетинг за себе.

Бујар Османи е посреќен со српски дипломати околу себе, отколу со свои сограѓани од Чаир. На никого му нема помогнато, на никого од Чаир му се нема најдено, на никого му нема одговорено на телефон. Во Чаир, Бујар нема помогнато за ниту едно ново училиште, го немало кога се граделе улици и пробивале булевари, го немало кога се правеле градинки и игралишта.