Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ со ,,Трета Мајка” и ,,Крушево” на 1 јуни во Филхармонија


20 години подоцна, кругот повторно се затвора, се вели во соопштението од организаторот „Авалон“. 

„Едно од нашите највредни албумски изданија е секако, албумот ,,Трета мајка”.

Оваа година, ,,Трета мајка” го објавивме на винил, а следниот чекор беше очекуван: многумина веќе ни пишаа и интересот за оваа најава постои уште пред нејзиното официјализирање денес.

Со голема доза на задоволство ви најавуваме дека Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе го свират ,,Трета Мајка” и, се разбира, ,,Крушево” во живо во Скопје, на 1 јуни во Македонска филхармонија, од 20:30 часот.

Тоа ќе биде впрочем и нивен прв настап во Македонска филхармонија, додека во Скопје одамна немаат свирено заедно, велат од „Авалон“. 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (вторник – 9 април) во 09 наутро онлајн на ticketx и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од: 1.500 денари и 1.990 денари.