Власта најавува пакосен влез во авторитаризам, обвинува СДСМ
Се работи за смислен, ситематичен и координиран напад врз правосудниот систем, изјави потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска

„Премиерот се става над уставот и над законите. И ноншалатно, но крајно деспотски, изјавува дека ќе му зададе удар во чело на судството“.
Со вакви пораки во едно од најжестоките обраќања од седиштето на СДСМ партијата преку потпретседателката Ана Чупеска денеска објави дека во Македонија уставниот поредок е на удар. Обраќањето на Чупеска пред најавената расправа во Собранието по интерпелациите за петте членови на Судскиот совет. Според Чупеска, операционализција на еден груб и многу нападен удар врз правосудниот систем кој ќе се одвива во законодавниот дом“.
Чупеска рече дека „власта предводена од Христијан Мицкоски ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт, наместо да ја гарантира нејзината независност“.
Според неа, „тоа е отров, високо токсичен отров за демократските принципи и вредности, затоа што претставува отворен и пакосен влез во авториратизам.
Гледаме како власта ја упорно сака да ја демонтира секоја институционална брана од авторитаризам, преку нелегалните и неуставните постапки, преку исилените и силеџиски разрешувања, преку сатанизации и јавни линчувања на судии, на обвинители. Таа, всушност подготвува терен за своите послушни инсталации.
Брзањето со интерпелациите на членовите на Судскиот совет, на ваков начин, во услови кога се подготвува нов закон за ова тело, ги обелоденува вистинските намери на власта. Намери кои не поврзани со реформските процеси туку со воспоставување целосна партиска контрола“.
Чупеска праша зошто власта не почека да се финализира новото законското решение и во нормална и редовна постапка се избере пакет на нови членови. „Зошто упорно ги игнорира постоечките законски одредби и извршната власт на чело со премиерот се става над уставот и над законите?“
Таа вели дека се работи за смислен, ситематичен и координиран напад врз правосудниот систем. Ако Судскиот совет биде урнат на ваков начин, следни се судиите што не се по волја на власта. Потоа ќе следуваат и нарачни пресуди. Ако обвинителот биде сменет на ваков начин, без почитување на законите, следни ќе бидат сите што не се подготвени да работат по инструкции на Мицкоски, тврди Чупеска.
„Во таа смисла, ужасни, невидени досега, се изјавите на премиерот во врска со судството кои не може да ги сместиме никаде освен во дијапазонот од скандалозно до шокантно. Замислете, премиерот ноншалатно, но крајно деспотски, изјавува дека ќе му зададе удар во чело на судството. Изјавите пак дека ќе се игнорира мислењето на Советот на јавни обвинители во врска со разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител, се исто така фрлање на шок бомби. ВМРО-ДПМНЕ сака тотална контрола“, нагласи потпретседателката на СДСМ.
Според неа, власта нема решение за реформи во правосудството. „Таа само ги проектира своите интерни манири на авторитаризам и апсолутизмот кои го спроведува во својата партијата спрема државата.
Згора на тоа, сега истата проекција ја насочува и спрема третата, судска власт, која мора да биде независна. Тие, бахато и силеџиски сакаат и неа да ја узурпираат, да ја инфицираат на најгруб и превратнички начин“.
Чупеска најави дека СДСМ во претстојниот период ќе се спротивстави на овие насилнички и недемократски дејствија.
„Ги повикуваме сите политички партии, сите засегнати страни да се вклучат во процес кој ќе овозможи суштинска а не примитивно водена, половична и персонализирана, партиско-лојалистичка квази реформа. Ова не е битка за неколку членови на Судскиот совет – ова е битка за зачувување на демократијата и уставниот поредок“, рече на прес-конференцијата Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ.