Влае и Бардовци без вода за пиење

Корисниците од населбата Влае се без вода за пиење од 11 часот, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснија од претпријатието, причината е изведување водоводен приклучок на улицата „Франце Прешерн“.
Прекинато е и водоснабдувањето за корисниците од населбата Бардовци.
Како што појаснија од претпријатието, изведување технички зафат во пумпна станица е причината поради што засегнатите се без вода за пиење.
Водоснабдувањето и во Влае и во населба Бардовци ќе биде прекинато до завршување на работните активности.