Владината Социјалистичка партија го нападна Кошта – давал несериозни одговори


Фото: Б. Грданоски

 

Еден од партнерите во владата, Социјалистичката партија на Македонија, ги оцени изјавите на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како „прилично лесно изречени и несериозни“ и очекувани. Од партијата велат дека изјавата на Кошта – „она што е договорено е договорено и нема повеќе што да се договара“ – може единствено да се однесува на соддржината на Лисабонската декларација, но не и на уцените на Софија и условувањето од Кошта. Македонија очекува ЕУ да ги почитува и да ги исполни сопствените критериуми од Копенхаген.

Социјалистичката партија ги цени како прилично лесно изречени и несериозни одговорите на Кошта дека повеќе нема да има нови билатерални барања од Бугарија по вметнувањето на Бугарите во Уставот. Ќе потсетиме дека во изминатите 25 години и повеќе Македонија редовно слушаше неискрени и лажни изјави од ликови на кои македонската држава и народ им служеа единствено како средство за остварување на личните и поинакви амбиции. Оттаму впечатокот и за високиот гостин за неговиот потценувачки сарказам и неискреност, кои во најблага форма би се свел на негова неупатеност од што ќе произлезе оценката за бесполезност и неуспешност на неговата посета“.

Партијата во своето соопштение додава дека Кошта, „невнимателно игнорирајќи го историскиот контекст, отворено застана зад одредени империјални интереси, стотици години стари, и зад негаторскиот и антимакедонски однос на источниот сосед, како нивни производ

Социјалистичката партија на Македонија го дели ставот дека продолжувањето на преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ е потребно да се одвиваат на релација Скопје-Брисел или во непосреден дијалог на највисоките авторитети на Македонија и ЕУ.