Владина делегација на сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО

Како што соопшти владината прес-служба, за време на сесијата на Комитетот, делегацијата ќе оствари средби со високи претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот – Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан.
Македонската делегација ќе оствари средби и со колеги од Република Албанија, во насока на заедничко делување и управување со Охридското Езеро и неговотo опкружување.
– За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Владата на Република Северна Македонија ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот Регион, кој не ѝ припаѓа само на Северна Македонија, туку на целиот свет, соопшти владината прес-служба