Владата за едни е мајка, а за други маќеа: Некои општини добивале милиони, а некои ниту денар


Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски при гостувањето во „24 анализа“ зборуваше за тоа дека Владата вложувала во некои општини, а во некои не потрошила ниту денар.

– Општина Кисела Вода се наоѓа во солидна кондиција и немаме финансиски проблем. Притоа не сме дел од општините кои бараат задолжувања, кажа Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски вели дека не може инвестициите во некои општини да се 5 милиони, а во друга да не се ниту денар.

-За селективниот пристап на централните институции може да зборуваме со денови, како помагаат на своите миленичиња. Што значи дека нашата заложба е фискалната децентрализација да ја кренеме на повисоко ниво. Да не може некој врз лични чувства, убедувања и реваншизам да решава каде ќе инвестира. Не може во некои општини да се инвестираат од Владата по 5 или 3 милиони, а во Кисела Вода за година ипол инвестициите да се нула, вели градоначалникот.