Владата се гости со папаја, манго, аспарагус…


Фото: Б. Грданоски
Левица реагира на последните тропења во Владата која набавила папаја, манго, аспарагус. и други овошја и зеленчуци за своите потреби. 
 
-Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја – владиниот врв се гоштева на грбот на граѓаните! Имено, Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучи милионски договори за полнење на стомаците на владините функционери со скапи деликатеси.  Наместо веднаш да го прифати предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра, владејачката коалиција ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ избра да троши народни пари на егзотични овошја и храна која е недостижна за обичниот работник: папаја, аспарагус, манго, ананас, авокадо, леб од по 100 до 440 денари и многу друго.
 
 Во исто време, трошоците за живот вртоглаво растат – синдикалната кошничка за јануари 2025 година е зголемена за 6.089 денари, а храната поскапена за 10,43%. Власта наместо да ги штити работниците, без срам ја покажува својата вистинска политика – привилегии за богатите, беда за народот. Тоа се покажува и со нивните скапи патувања без никаков придонес за државата, бизнис класи, приватни авиони, најавите за купување на нов владин авион, дрското одбивање на предлогот за кратење на патните трошоци.
 
Левица остро се спротивставува на оваа неодговорна и понижувачка политика. Ако Владата не го прифати предлогот на ССМ, Левица ќе поднесе законско решение за зголемување на минималната плата. Ова не е економска криза – ова е класна војна, во која власта свесно го гази народот за да ги нахрани своите олигарси. Додека работниците одвај преживуваат со мизерни плати, нивните пари се трошат на гурмански луксузи за владините паразити. Или Владата веднаш ќе го прифати зголемувањето на минималната плата, или ќе се соочи со отпор што нема да може да го игнорира, порачаа од Левица.
 
За два милиони и сто и и деведесет илјади денари Владата набавила прва класа овошје и зеленчук, иако премиерот претходно кажуваше дека тој не пробал грозје, праски, дињи и слично.На веб-страницата на бирото за јавни набавки на 04.02.2025 година се објавени склучените договори за набавка на овошје и зеленчук. Договорите се склучени на 25 февруари 2025 година.

Владата набавила прва класа овошје и тоа:

  • 40 килограми АНАНАС
  • 15 килограми АВОКАДО
  • 600 килограми БАНАНИ
  • 60 килограми БЕЛО ГРОЗЈЕ
  • 60 килограми ЦРНО ГРОЗЈЕ
  • 160 килограми ДИЊА
  • 550 килограми ЈАБОЛКА
  • 50 килограми ЈАГОДИ
  • 300 килограми КРУШИ
  • 30 килограми КАЈСИИ
  • 140 килограми КАЛИНКИ
  • 51 килограм КИВИ
  • 30 килограми КИКИРИКИ
  • 10 килограми свежи КАПИНИ
  • 50 килограми КОСТЕН
  • 700 килограми ЛИМОН
  • 305 килограми ЛУБЕНИЦА
  • 30 килограми свежи МАЛИНИ
  • 156 килограми СЛИВИ
  • 10 килограми МАНГО
  • 300 килограми МАНДАРИНИ
  • 500 килограми чистени ОРЕВИ
  • 1.100 килограми ПОРТОКАЛИ
  • 136 килограми ПРАСКИ
  • 100 килограми ТИКВИ
  • 10 килограми ЦРЕШИ
  • 10 килограми ПАПАЈА
  • 100 килограми ЦИТРОНИ
  • 10 килограми ЛИМЕТА

Цените на сите производи можете да ги видите во продолжение.

 

Од зеленчуци во владата се гостат со:

  • 15 килограми БОРАНИЈА
  • 15 килограми ПИПЕРКИ БАБУРИ
  • 10 килограми свежа БАМЈА
  • 272 килограми БРОКУЛИ
  • 600 килограми ГРАВ
  • 10 килограми ГРАШОК
  • 1500 килограми ДОМАТИ
  • 1000 килограми РОЗЕВИ ДОМАТИ
  • 10 килограми ЗЕЉЕ (штавел и блитва)
  • 1500 парчиња МАРУЛА
  • 1330 килограми ЗЕЛКА
  • 10 килограми ЦРВЕНА ЗЕЛКА
  • 1300 килограми КРОМИД
  • 5 вези МЛАД КРОМИД
  • 590 килограми КОМПИР
  • 840 килограми МЛАД КОМПИР
  • 10 килограми БЛАГ КОМПИР
  • 70 килограми КАРФИОЛ
  • 10 килограми КОПАР
  • 2.200 килограми КРАСТАВИЦИ
  • 117 килограми КОРНИШОНИ
  • 10 вези ЛОВОРОВ ЛИСТ
  • 10 вези МЛАД ЛУК
  • 30 килограми СТАР ЛУК
  • 451 килограм МОДАР ПАТЛИЏАН
  • 1.800 килограми МОРКОВ
  • 566 вези магдонос
  • 20 вези свеж ФРАНЦУСКИ МАГДОНОС
  • 1260 килограми ОРИЗ
  • 20 вези свеж ПРАЗ
  • 570 килограми БЛАГИ ПИПЕРКИ
  • 122 килограми ЛУТИ ПИПЕРКИ
  • 1030 парчиња ЛУТИ ПИПЕРЧИЊА
  • 7 килограми ВЕЗЕНИ ЛУТИ ПИПЕРКИ
  • 10 килограми ВЕЗЕНИ БЛАГИ ПИПЕРКИ
  • 10 килограми ЦРВЕНИ МАСНАТИ ПИПЕРКИ
  • 13 килограми ФЕФЕРОНИ
  • 52 низи СУВИ ПИПЕРКИ
  • 100 килограми ПАШКАНАТ
  • 5 килограми ПРОКЕЉ
  • 5 вези РОТКВИЦИ
  • 10 килограми РЕН
  • 90 килограми СПАНАЌ
  • 327 килограми ТИКВИЦИ
  • 308 парчиња ЦЕЛЕР
  • 425 килограми ЦВЕКЛО
  • 70 килограми ШЕРИ ДОМАТИ
  • 70 парчиња ДАЈКОН
  • 240 вези РОКУЛА
  • 11 вези БОСИЛОК
  • 3 килограми ЃУМБИР
  • 30 вези НАНЕ
  • 20 вези ВЛАСЕЦ
  • 10 вези АСПАРАГУС
  • 10 парчиња ЦРВЕНА МАРУЛА

Цените на сите продукти можете да ги видите во продолжение:

Инаку премиерот Мицкоски ја оспори минималната синдикална кошничка која секој месец ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија, во која меѓу другото биле пресметани 25 грама цреши за еден месец за цело семејство од четири члена, додека Владата набавува 10 килограми цреши во фебруари. Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 година изнесува 63.252,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец декември 2024 година која изнесува 62.861,00 денари е зголемена за 391,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јануари изнесува 78.627,00 денари.