Владата подели новогодишни пакетчиња за 150 деца од малите групни домови


Владата изминатите неколку денови ги израдува децата во малите групни домови низ државата, како и во установата за деца со социјално-воспитни проблеми, доставувајќи им 150 новогодишни пакетчиња на нивните адреси, информира владината Прес-служба.

– Владата е посветена на поттикнувањето и развивањето на децата, да им се даде слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, да се оспособат за донесување на храбри одлуки во животот. Едноставно да одат низ животот самоуверено и сигурно, се наведува во соопштението.

Од Владата посочуваат дека една од најважните работи кои може да се забележат во малите групни домови е дека не се само место за живеење, туку место кое кај децата создава чувство на љубов.

– Децата се многу важни во општеството, а со вакви активности Владата се грижи за децата, а со тоа и за нашата иднина, се додава во соопштението.