Владата ќе одбележи 100 дена од мандатот со тематска седница и форум


Фото: Б. Грданоски

Во пресрет на одбележувањето на 100 дена од мандатот на новата Влада, на 26 април ќе се одржи тематска владина седница, најави владината прес-служба.

Дополнително, на 29 април, Владата организира Форум по повод одбележувањето 100 дена од мандатот  на кој се поканети претставници од медиумите, дипломатскиот кор, стопанските комори и граѓанските организации и здруженија. Настанот ќе се одржи во Национална опера и балет.

– На Форумот заеднички ќе дискутираме за постигнувањата на Владата и министерствата во изминатите 100 дена по принцип на прашања и одговори, информираат од Владата.