Владата ќе може да се задолжи на домашниот пазар во вредност од 350 милиони евра

Владата на денешната седница донесе одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето – задолжување преку издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година, согласно која максималниот износ на нето – задолжување преку издавање државни хартии од вредност во 2020 година изнесува 21.525.000.000 денари (околу 350 милиони евра).
Како што соопшти владината прес-служба одлуката е согласно изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020.
Овие средства, како што стои во соопштението, ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2020 година, како и за делумно финансирање на 2021 година.