Владата ги проверила документите што ѝ ги достави СДСМ, немало ништо незаконско

Владата ги провери и ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање, соопшти прес-службата.
СДСМ денеска ги достави документите за кои наведува дека покажуваат оти вицепремиерот Изет Меџити бил вмешан во скандал.
„Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување.
Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади.
Ако по логиката на Кузевска тоа е прекршување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ“, се вели во соопштението.
Меџити претходно во изјава за медиумите кажа речиси иста изјава околу документите како што стои во соопштението на Владата, но со една разлика – дека таа административна пракса била воспоставена во 2016, кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеже владата, а во неа беше ДУИ.