Владата денеска одлучува за зголемувањето на пензиите и за нови директори
Денеска на пладне, Владата ќе ја одржи првата седница на Владата на Република Северна Македонија.
На седницата меѓу другото ќе се дискутира за предлогот за линеарно зголемување на пензиите како и за именувања на раководни кадри во неколку државни институции.
По завршување на истата јавноста ќе биде информирана преку соопштение за донесените одлуки, информираа од таму.