Владата даде зелено светло за субвенционирање на придонесите


Илустрација
На денешната седница Владата донесе измена на Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба.
Со оваа измена ќе се обезбеди усогласеност со Уредбата за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено–економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, заради  исплата на платите, односно со неа се предвидува можноста најпогодените сектори (угостителството, туризмот, транспортот) да користат и друг вид на поддршка предвидена освен со оваа уредба.
Дополнително, со усогласувањата, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи мерка за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување , не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец август 2020 година), освен во оправдани услови дефинирани во законот за работни односи, како пензионирање или откажување на договор од страна на работникот, но не повеќе од утврдениот процент.