Вкупно аплицирани 1.563.990 дози вакцини, ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 како прва доза, 2.509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани.
Како што информираат од Министерството за здравство, 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 45 осто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 осто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 осто од популацијата во државата примила две дози вакцина.