Стотина туристи заглавени на вулканскиот масив Толбачик на Камчатка, ќе бидат евакуирани со хеликоптер


Вулканот Толбачик

Вкупно 149 лица се отсечени кај вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако невреме го уништи патот што води до локалитетот, соопшти прес-службата на локалните власти.

Од нив, 117 се туристи и водичи и тие ќе бидат евакуирани, додека преостанатите 32 лица се возачи кои засега ќе останат со своите возила до пробивањето на патот .

Туристите и водичите со хеликоптер ќе бидат префрлени до селото Есо, од каде што со автобуси ќе бидат превезени до Петропавловск-Камчатски.