Вкупните средства на останатите финансиски институции достигнаа 2,8 милијарди евра


 

Во третиот квартал годинава, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаа ниво од 173.854 милиони денари (околу 2,8 милијарди евра), што претставува квартално зголемување од 4.256 милиони денари (околу 69 милиони евра), соопшти Народната банка.

Најголемо учество во структурата на средствата на ОФИ и понатаму имаат пензиските фондови со 64,9%, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 18,2%.

Најголемиот дел од средствата на ОФИ им припаѓа на вложувањата во должнички хартии од вредност (учество од 51,2%), како и на вложувањата во сопственички хартии од вредност и пласмани во валути и депозити (учество од 23,8% и 10,0%, соодветно). На страна на обврските, најголемиот дел се однесува на технички резерви на осигурување  и капитални сметки (учество од 57,9% и 32,8%, соодветно).