Вјоса Османи добила писмо од Трамп, и се заблагодарил за одлуката да примат 50 мигранти протерани од САД

Косовската претседателка Вјоса Османи добила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој „ѝ се заблагодарува за нејзината посветеност и пријателство“ кон САД и изразува желба за продлабочување на соработката во наредните години, објави косовското претседателство.
Трамп напишал во писмото, според соопштението, дека одлуката на Косово да прифати граѓани од други земји ја покажува нејзината „силна подготвеност“ за соработка со САД и дека „лидерството по ова прашање ја покажува силата и сочувството на народот на Косово“.
Во јуни, владата на Косово објави дека ќе понуди привремена заштита на 50 лица од трети земји, како дел од соработката со САД. Стејт департментот на САД потврди дека земјите од балканскиот регион се вклучени во контакти во рамките на пошироката стратегија на САД за депортирање на странски државјани без регуларен статус.
Во своето писмо, според косовското претседателство, Трамп додал дека „САД и Косово имаат длабока врска, заснована на меѓусебно почитување, споделени демократски вредности и визија за мирна и просперитетна иднина. „Вашата посветеност на зајакнување на оваа врска не остана незабележана и уверен сум дека заедно ќе продолжиме да ги унапредуваме нашите заеднички цели“, напишал Трамп. откако претходно одреди нови трговски тарифи и за Косово.
Според соопштението, Трамп и се заблагодарил на Османи за нејзиното „храбро водство и за тоа што стои ткако вистински пријател на САД. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас во годините што доаѓаат“.
За време на посетата на САД во јули, претседателката Османи рече дека Косово е многу заинтересирано за нов вид односи со САД, односи што ќе се базираат повеќе на економски интереси, а таа ги издвои енергетиката, одбраната и информатичката технологија како клучни области за заеднички развој.
Во меѓувреме, на 1 август, владата на Косово ја укина царината од 10 проценти за американските стоки.Османи по одлуката, во објава на X упатена до Трамп и американскиот народ, рече дека Косово „е ваш доверлив партнер во напорите Америка и нејзините сојузници да бидат силни, безбедни и попросперитетни“.