Висока уметничка вредност на сцената: „Народен пратеник“ на МНТ со блескава изведба во Народно позориште Београд


Ансамблот на Македонскиот народен театар со претставата „Народен пратеник“ што беше изведена во Народно позориште Белград уште еднаш потврди дека театарската уметност живее во својата најчиста форма — преку искрена емоција, прецизна актерска игра и моќна режисерска визија, соопштија од МНТ.

Со фасцинантна изведба, која им го задржа вниманието на гледачите од првата до последната сцена, актерите успеаја да доловат и хумор и критика, и човечка слабост и општествени противречности.

Публиката возврати со долгостоечки аплауз, знак не само на благодарност туку и на восхит пред она што се одигра на сцената — исклучително изведена претстава, која зборува и за денешницата.

„Народен пратеник“ не е само театар туку и огледало на општеството, а вечерта во Народно позориште беше потврда дека сцената сè уште има моќ да инспирира, да критикува и да повика на размислување, посочуваат од МНТ.