Висок ризик од тероризам во Франција


Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастане изјави дека ризикот од теоризам во Франција останал „висок“ до „многу висок“.

Состојбата ја оцени по убиствата на четворица во седиште на париската полиција.

Кастане, кој повтори дека не планира да поднесе оставка, додаде во изјава за радиото Франс Антер дека од 2003 година полицијата спречила 59 терорристички напади, вклучително три од почетокот на годинава, пренесе Ројтерс.

Тој го отфрли вчерашниот повик на опозицијата да поднесе оставка, но призна дека е пропуштена прилика да се спречи убиство на полициски службеници минатата недела.

Францускиот министер за внатрешни призна дека се појавиле „дупки“ во безбедносниот систем, кој не успеал да ги открие знаците на радикализација на полицискиот службеник кој уби четворица, пренесе АП.

Кастане рече дека напаѓачот порано го оправдувал исламистичкиот напад на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, во 2015 година пред своите колеги, но тогаш не е напишан никаков извештај.

Покрај судската покрената е и интерна истрага.

ИТ спезијалист уби во напад со ноќ четворица колеги, пред да биде убиен.

Обвинителот за борба против тероризмот рече дека напаѓачот веројатно стапил во контакт со припадниците на ултраконзервативното исламистичко движење.

Неговата сопруга пуштена е во неделата од полициски притвор без обвинение, рече Кастане.