Висок член на ДУИ си поднесе оставка: Шокиран и очаен, од денес не сум член на партијата
Поранешниот пратеник и висок член на ДУИ, Хајрулах Мисини во изјава за весникот ,,Љајм”, истакна дека од денес тој веќе не е дел од оваа партија.
“Почитувани граѓани, сум шокирани и очаен … Ја информирам јавноста дека од денес не сум член на Демократската унија за интеграција и која било политичка партија. Исто така, им се заблагодарувам на сите оние со кои сум соработувал цело време додека бев дел од раководството на Демократската унија за интеграција!“, вели Мисини во неговата пишана изјава.
Хајрула Мисини два мандата беше пратеник на ДУИ а во 2001 година бил дел од ,,УЧК”, со прекарот командант Шпати.