Вирусот Западен Нил потврден во Загреб


Хрватското министерство за земјоделство, шумарство и рибарство издаде соопштение во врска со појавата на вирусот Западен Нил во Загреб, во кое се вели дека хрватскиот ветеринарен институт го потврди присуството на вирусот Западен Нил кај мртви гаврани на подрачјето на градот Загреб.

Првиот случај беше потврден на 27 август 2026 година, кога вирусот беше откриен кај гаврани пронајдени мртви во областа Запруѓе.

Ден потоа, на 28 август, лабораториските наоди повторно го потврдија вирусот кај уште четири гаврани, пронајдени на локациите Кватерников трг, парк Бартола Кашиќ, Савица и Дубрава (Дубец).

Од оваа институција посочуваат дека вирусот Западен Нил се пренесува исклучиво преку каснување од заразени комарци. Најважни вектори се комарците од родот Culex, кои се присутни низ цела Хрватска. Комарците најчесто го пренесуваат вирусот меѓу птиците, а можат спорадично да го пренесат и на луѓето и коњите.

Луѓето и коњите се случајни и крајни домаќини и не можат да бидат извор на инфекција за други. Вирусот не се пренесува од човек или коњ на друго лице или животно.

Од таму советуваат граѓаните кои ќе забележат две или повеќе мртви диви птици на иста локација треба да ја известат најблиската овластена ветеринарна организација за да се исклучат, доколку е потребно, заразни болести кај животните.