„Вирџин галактик“ продаде стотина карти за патување во вселената по 450.000 долари


 

Компанијата за вселенски патувања „Вирџин галактик“ во понеделникот објави дека од август продала околу сто карти за патувања во вселената по цена од 450.000 долари.

Претходно компанијата севкупно продаде околу 600 резервации по дена од 200.000 до 250.000 долари.

„Новата цена е „добро прифатена“, соти во соопштението во кое се потсетува дека целта е да се продадат 1.000 карти пред да се оствари првиот комерцијален лет во 2022 година.

„Одиме кон подобрување на фолтата со јаден план за тоа на кој начин ќе се зголеми издржливоста, доверливоста и предвидливоста на нашите летала за комерицијални услуги во текот на следната година“, рече Мајкл Колглејзер, извршен директор на „Вирџин галактик“.

„Побарувачката за вселенски патувања е многу голема, а ние токму сега продаваме седишта побрзо од што очекувавме“, додава тој.

Бренсон е првиот милијардер кој замина во вселената

Основачот на комапнијата, британскиот претприемач Ричард Бренсон, е првиот милијардер кој на 11 јули се вивна во вселената со летало од сопствената компанија.

Тоа го направи пред Џеф безос, кој во вселената полета нешто подоцна во ракетата „Њу шепард“, направена во неговата компанија „Блу ориџин“.

Но, леталото на Бренсон во септември беше привремено приземјено од американските власти поради инцидентот при слетувањето на споменатиот лет. Тогаш леталото накусо одлета и надвор од воздушниот простор авторизиран за мисијата.

„Вирџин галактик“ за три месеци го одложи и својот прв комерцијален лет, првобитно предвиден за средината на октомври. Тој е закажан за последното тромесечие на 2022 година, а за тоа време ќе се работи на зголемување на безбедноста на леталото.

Компанијата во понеделникот потврди дека е „на вистински пат“ да оствари лет во вселената во предвидениот период.

Натреварувањето меѓу милијардерите за превласт во вселенскиот туризам е во полн замав.

Тука, покрај Ричард Бренсон и Џеф Безос е и Елон маск, со „Спејс икс“, која во септември помина три дена во вселената успешно и прати четири вселенски туристи.

Од „Вирџин галактик“ велат дека ликвиснота уште е речиси милијарда долари и дека ќе успеат да ги финансираат своите операции додека тие не станат профитабилни.

Во третото тромесечие оваа година компанијата забележа нето губиток од 48 милиони долари, помалку од 92-та милиона изгубени во 2020 година.