„Викторијас сикрет“ ги собра најславните манекенки на ревија во Њујорк (фото)
Њујорк– По пауза од шест години, заради низа контраверзи, најскапата модна ревија на светот, онаа на брендот за долна облека „Викторијас сикрет“, се врати во полн сјај, со најславните манекенки на светот и поп-ѕвезди како Шер. Тоа беше празник и за очи и за уши, и за споредби некогаш и сега.
Настапија вкупно 50 манекенки од 25 држави и едночасовниот настап го следеше форматот познат од изданијата од минатото.
На ревијата се појавија многу познати и славни светски манекенки и модели . Тајра Бенкс се врати на модната писта, за прв пат по 20 години. На црвениот тепих во секси долна облека прошетаа и легендарните Адријана Лима, Алесандра Амброзио, Ирина Шајк…
Секако и актуелните убавици од модната писта Џиџи Хадид, Палома Елсесер, Иман Хамам, Кендис Свонепул, Грејс Елизабет, Тејлор Хил, Мајова Николас, Девин Гарсија, Барбара Палвин, Бехати Принсло, Ешли Греам, Јасмин Тукс, и многу други модели.