Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 27 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.
Според прогнозата на УХМР, во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.