(Видео) Застрашувачка моќ на тајфунот: Девојка буквално фрлена на улица
Силните ветрови кои достигнуваа брзина и до 200 километри на час уриваа се што беше на патот во Хонг Конг за време на налетот на тајфунот Саола. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како ветрот подигна и фрли млада жена на улица.
Во драматичното видео може да се види како ветрот ја фрли жената неколку метри и таа заврши на патот каде на крајот успеа да стане.
Силно невреме го погоди Хонг Конг и делови од јужна Кина во петокот вечерта. Десетици луѓе беа повредени и хоспитализирани, а кинеската метеоролошка служба предупреди дека Саола може да стане најсилниот тајфун во регионот од 1949 година.