(Видео) Запален домот на Пандов: Се сомневам дека зад ова стојат криминалците!


Директорот на управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која поосчува дека му бил запален домот во Зелениково односно Орешани.

– Опожарена е викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов во скопското село Орешан, потврдија од МВР .

Од полицијата велат дека вечерва, во 18:45 часот во СВР Скопје А.П.(54) од Скопје пријавил дека била опожарена неговата викенд куќа во скопско Орешени.

Полицијата, како што наведуваат, презема мерки за расчистување на случајот.

– Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да не запрат и нема да не поколебаат.
Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува! Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност – напиша Пандов.