(Видео) Вака Мексиканците полнат пиперки: Раскошен фил со пченка и топено сирење


За ручек направете полнети пиперки во мексикански стил.

Полнетите пиперки се едноставно и вкусно јадење. Поради лесната подготовка, сите брзо учат да ги прават, а доколку ви се допаѓа ова јадење, ви предлагаме да го пробате мексиканскиот рецепт. Направете полнети пиперки збогатувајќи го филот со пченка, а помеѓу два слоја месо посипете рендана моцарела. Полнетите пиперки се едно од најубавите мексикански јадења.

Состојки:
5 пиперки
1 кромид
3 чешниња лук
350 гр мелено говедско месо
1/4 чаша доматна паста
320 мл пилешка супа
1/2 чаша ориз
1 чаша пченка
1 чаша ситно сечкан зелен кромид
150 гр моцарела
125 ml вода
Зачини:
1/2 лажичка кајен пипер
1 лажица суво оригано
2 лажички ким
2 лажички коријандер
1,5 лажички кромид во прав
3/4 лажичка сол

Подготовка:
Тенко исечете го врвот на пиперката (каде што е стеблото), а потоа отстранете ги семките. На малку масло во тавче пропржете го ситно исечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете го и сечканиот лук. Додадете го месото и промешајте, па оставете да се пропржи. Сол, бибер, посипете со оригано, ким, коријандер и кромид во прав. Повторно добро измешајте и додадете ја доматната паста. Оставете уште минута, па додајте го оризот што претходно сте го измиле, пченката што сте ја процедиле и супата (коцка супа измешана со топла вода). Промешајте и оставете да се крчка околу 15 минути. На крајот додадете сечкан млад кромид, а можете да додадете и власец. Наполнете ги пиперките до половина со добиената смеса, а потоа посипете ги со рендано сирење, а потоа продолжете да филувате со смесата од месото. Затворете со врвот на пиперката и наредете во огноотпорен сад. Истурете вода и покријте со алуминиумска фолија. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 45 минути. Потоа извадете ја фолијата и посипете со преостанатото сирење, па печете уште 5-10 минути.