(Видео) Убиен е познат хрватски политичар и безбедносен експерт, уапсен е убиецот

Полицијата во Славонски Брод соопшти дека е уапсено лицето поврзано со убиството што се случи во вторникот во општината Гарчин. Според неофицијални информации, жртвата е 62-годишниот Зоран Гргиќ од Славонски Брод, експерт за безбедност и поранешен член на Советот за граѓански надзор над безбедносно-разузнавачките служби при Хрватскиот сабор.
Инцидентот се случил нешто по 18 часот во местото Шушњевци. Според сведоци, Гргиќ целиот ден бил во друштво со осомничениот на излетничкото место Лескови води. Подоцна, на патот во Шушњевци, напаѓачот со своето возило му го попречил патот, излегол од автомобилот и пукал кон него. Гргиќ бил смртно погоден додека бил во сопственото возило.
Поради истрагата, полицијата го блокирала сообраќајот кон Лескови води и Врховина, а за осомничениот, кој во прв момент бил во бегство, беше организирана широка потрага. Неколку часа подоцна, тој е пронајден и уапсен. – Скопје1.мк