(Видео) Турист во Мостар скокнал од Стариот мост во Неретва: Мештаните го претепале


Неодговорното однесување на странски турист предизвика негодување кај граѓаните на Мостар. Имено, и покрај повеќекратните предупредувања од локалните жители, човекот решил да скокне од познатиот Стар мост во реката Неретва. Откако излегол од студената вода, на брегот го пречекала група лути граѓани кои потоа физички го нападнале.

Видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи покажува млад човек, без никаква безбедносна опрема и без претходно известување до службите за итни случаи, како скока преку заштитната ограда на Стариот мост и скока во реката.</p

Неколку собрани граѓани се обиделе да го спречат неговиот чин, свесни за сериозните ризици што ги носи таков потфат. Скокот од Стариот мост во Мостар, иако е традиционална активност со богата историја, не е нешто што треба да се прави без подготовка. Потребна е исклучителна физичка подготвеност, темелна обука и задолжително претходно известување до надлежните служби.

Стариот мост се издига околу 24 метри над нивото на реката Неретва, а водата е екстремно ладна дури и во најжешките летни месеци, што дополнително го зголемува ризикот од сериозни повреди или шок.