(Видео) Трет ден гори Португалија


Во Португалија каде пожарникарите се борат со огнената стихија веќе трет ден, огнот во 90 отсто од зафатените шумски подрачја е ставен под контрола, но ветрот се заканува да го прошири, соопштија надлежните.

Предупредија дека попладне се очекуваат температури до 40 степени Целзиусови и дека ветиштата кои дуваат може да предизвикаат понатамошно ширење на пожарот низ шума од борови и еукалиптуси на карпести предели.

Повеќе од илјада пожарникати веќе три дена се борат со пожарите во централниот дел на Португалија во кои до сега се повредени 39 лица. Едно лице и потешко е повредено.

Неколку жители се евакуирани какомерка на претпазливост, а во пожарот се уништени и некои куќи.

Постудените ноќни и утрински температури им помагаат на пожарникарите да го надвладеат огнот, а за правење препреки се користат 11 булдожери.

Во текот на викендот околу 8.500 хектари растенија, пренесе синоќа „Ројтерс“.

Иако ситуацијата во понеделникот беше подобра, до вечерта 70 отсто од пожарите беа под контрола поради силните ветришта и високите температури.

Последните години во Португалија се забележани некои од најсмртоносните пожари во историјата на таа земја.

Во еден од нив во 2017 година загинаа 107 луѓе.

Бројот на загинати во таа година ја по португалската влада да поддржи посилни мерки на превенција од пожари, што доведе до тоа во 2018 година да нема загинати во пожари, пренесе агенцијата.