(ВИДЕО) Трамвај се урна со 80 км на час во Романската амбасада во Софија


Трамвај се урна со 80 км на час  во подвозник на Романската амбасада во Софија. Претседателот на транспортниот комитет изјави дека доколку се докаже хулиганство, тој ќе го смета инцидентот за терористички чин.

Снимката од кабината на трамвајот, кој се удри рано утрово во подвозник на Романската амбасада во Софија, носејќи со себе неколку паркирани автомобили, покажува рака како се протега и ја турка рачката на менувачот.

„Снимките покажуваат, иако не многу јасно, надворешно мешање. Рака се протега и ја турка рачката на менувачот во празната трамвајска кабина“, рече претседателот на Постојаниот комитет за транспорт и безбедност на патиштата, Иван Таков.

„Ако се докаже дека инцидентот со излетаниот трамвај утрово е резултат на несовесно хулиганство, за мене ова е еднакво на терористички чин. Детектирана брзина со која се движел трамвајот пред да се удри во подвозникот е 80 км на час“, информираше Таков. Тој е категоричен дека вакви инциденти не треба да се дозволуваат, без оглед на причината за излетувањето на трамвајот од шините утрово.

„За среќа, никој не е повреден. Сепак, штетата е многу голема“, коментираше тој и додаде дека во секој случај имало прекршување на постапката.

Таков додаде дека возачот нема право да го остави трамвајот без надзор.По завршувањето на истрагата од страна на органите за спроведување на законот, секој ќе биде казнет за она што се случило, според своите постапки, се закани претседателот на транспортниот комитет во локалниот парламент. | БГНЕС