(Видео) Трамп се врати во Белата куќа и повторно ги шокира сите: „Не плашете се од ковид“


Доналд Трамп кратко време откако вчера објави на Твитер дека ќе го напушти медицинскиот центар „Валтер Рид“ во Мериленд, околу половина час по полноќ по македонско време се упати со претседателскиот хеликоптер кон Белата куќа, а по пристигнувањето театрално ја симна заштитната маска, шокирајќи многумина.

Сето тоа, откако беше објавено дека по претседателот, неговата сопруга Меланија, блиската советничка Хоуп Хикс и неколку други соработници позитивна на вирусот е и Кејли Мекенани, портпарол на Белата куќа.

Доналд Трамп беше отпуштен од болницата Валтер Рид, каде што заврши поради инфекција со коронавирус, околу 18:40 часот по локално време, или нешто повеќе од половина час по полноќ по средноевропско време.
Американскиот претседател одеше од главниот влез до неговиот автомобил и не одговараше на прашањата на собраните новинари, туку само им мавташе и пред да влезе во автомобилот, застана да се фотографира.
Потоа со хеликоптер бил пренесен во Белата куќа, каде повторно позираше на терасата со подигнати палци, но овој пат без маска, која ја симна и ја стави во џеб. Овој потег веднаш наиде на осуда од експертите и коментаторите на Си-Ен-Ен, кои тврдат дека сè уште е заразен и дека ги доведува во ризик неговите соработници.

Потоа повторно излезе на терасата за да можат фотографи и сниматели повторно да го снимаат неговиот влез во Белата куќа.

Непосредно пред тоа, на Твитер најави дека наскоро ќе се врати во предизборната кампања.

Тој исто така шокира многумина со твит во кој порача: „Не се плашете од Ковид“ и „Се чувствувам подобро отколку пред 20 години“.

Трамп во Белата куќа ќе го пречека работниот простор лоциран во близина на медицинската канцеларија, изјави анонимен извор за Си-Ен-Ен. Иако Трамп има канцеларија на третиот кат во Белата куќа, новите канцеларии ќе бидат лоцирани поблиску до лекарите и медицинската опрема.

Имено, тој ќе работи во канцеларија што вклучува место за прием на пациенти, просторија за прегледи и ддо канцеларијата на докторот на Трамп, Шон Конли. Тој простор ќе се искористи и за изолирање на Трамп од останатите вработени во Белата куќа, кои се борат со се поголем број на инфекции во последните денови.