(Видео) Страшна сообраќајка во Грција: Судар на камион и автомобил предизвика пожар, изгореа три лица

Три лица загинаа, а неколку други беа повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Егнација во близина на Комотини, во североисточна Грција, во понеделник, соопштија властите.
Под сè уште неутврдени околности, кои ги истражува сообраќајната полиција, камион управуван од бугарски државјанин се судрил со автомобил управуван од возач од Албанија, со уште тројца патници во возилото.
Како резултат на жестокиот судир, на местото на несреќата избувнал пожар, во кој возачот и уште двајца патници од автомобилот изгореле во рок од неколку минути.
Четвртиот патник од возилото е во состојба на шок и е надвор од животна опасност во болница во Комотини, објавува Xanthinea.gr.
Xanthinea.gr објави на Инстаграм дека изгорените патници врескале за помош во запалениот автомобил, според сведоци.
View this post on Instagram
Силата на судирот предизвика и верижна реакција, при што автомобилот удрил во друго возило со четири патници, кои, според грчката полиција, се во роднинска врска со жртвите, кои наводно се враќале од свадба.
Сите се превентивно однесени во болница во Комотини и се во шок од трагедијата.
Бугарскиот возач (56) е во критична состојба.
Пожарот што избувна како резултат на судирот, а кој ги зафати и двете возила на автопатот и блиските полиња надвор од него, беше изгаснат од пожарникари.