(Видео) Со денови „поплавена“ постојката кај Цветен пазар – никој не ја сопира водата


Повеќе денови истекува вода од отворен вентил на последна „23-ка“, во близина на Цветен пазар во Скопје.

Водата тече по тревникот меѓу паркингот и автобуската станица, но претекува, па патниците кои чекаат автобус не можат да седнат на клупата на постојката, затоа што има вода пред неа.

Оние кои секојдневно чекаат автобус таму, велат дека пријавиле во „Водовод и канализација“ уште минатата недела, но од тогаш само било ставено едно црвено црево од 40-тина сантиметри, па водата паѓаше од повисоко. Сега и тоа е отстрането, а водата извира од земјата.

Никој не дошол да го сопре овој вентил, а деновиве со соопштенија се повикуваше за одговорно трошење на водата поради големите горештини, затоа што може да ја снема. (Б.Б.)